Search

Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните

СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме”, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова демократска, политичка, одговорна Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.

Процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство кое треба да осигура нова Влада со полн четири годишен мандат продолжува.

Пред македонското Собрание ќе биде испорачан предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе биде посветено на прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.

Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство.

Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност, Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија.

Во изминатиот период успеавме да донесеме големи одлуки, да ги решиме отворените прашања. Следува период кога ќе се посветиме на работа дома, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро.

Треба да знаете
Последни објави