Search

Продолжуваат протестите во Турција поради палењето на Куранот во Шведска

Протестите во Турција поради палењето на Куранот на саботните демонстрации пред турската амбасада во Стокхолм денеска продолжија во Истанбул, Анкара и некои други делови на Турција.

На протестот пред шведскиот конзулат во Истанбул, околу 250 демонстранти се собраа со зелено знаме со текстот на прогласот на исламската вера, познат како шахада, и транспарент со натпис: „Ја осудуваме исламофобијата поддржана од шведската држава“.

Демонстрантите запалија фотографија на данско-шведскиот политичар Размус Паладан, кој запали копија од Куранот во Шведска, пренесува АП.

Треба да знаете
Последни објави