Search

Продолжуваат преговорите за договорот за Брегзит

 Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ изјави дека денеска во Брисел ќе се сретне со британскиот министер Мајкл Гоув, непосредно пред крајниот рок на ЕУ, на крајот на месецот, Лондон да се откаже од нацрт-законот со цел да се преработи договорот.

Официјалните разговори ќе продолжат утре, при што двете страни ќе се обидат да постигнат договор за трговскиот договор по Брегзит.

Минатата недела, Велика Британија соопшти дека треба да се заврши многу работа пред да се постигне таков договор.

Портпарол на ЕУ изјави дека нивниот главен преговарач Мишел Барние не е ниту оптимист ниту песимист, но дека е решен да се склучи договор.

Преодниот период за Брегзит, во кој Велика Британија се придржува кон трговските правила на ЕУ, завршува на 31 декември. Велика Британија и ЕУ сè уште не постигнале договор за управување со нивните идни трговски односи.

Како што пренесуваат странските агенции, последната фаза од преговорите само ги влоши тензиите меѓу двете преговарачки страни. Владата на британскиот премиер Борис Џонсон сака да донесе законска мерка наменета за замена на делови од договорот, акт со кој се признава дека го крши меѓународното право, а Брисел силно го брани договорот.

– Таканаречениот законски проект за внатрешен пазар многу нè загрижува бидејќи ги нарушува водечките принципи на договорот за повлекување и за нас е целосно неприфатливо, рече германскиот министер за европски прашања Михаел Рот.

Од своја страна, Владата на Велика Британија соопшти дека „ќе ги исполни своите договорни обврски со добра волја”, но додаде дека „важно е да се запамети основниот принцип на парламентарниот суверенитет. 

Треба да знаете
Последни објави