Search

Продолжуваат квалификациските дуели за пласман на ЕП 2020

Квалификациите за ЕП 2020 продолжуваат и денес со нови возбудливи натпревар од групите Ц, Е, Г и И.

За нас е најважна групата „Г”, каде Полска ја пречекува Северна Македонија. „Црвено-жолтите” ќе се обидат да не си заминат со празни раце за да останат во битката за второто место, кое што моментно го окупира Австрија. Словенија, исто така, има шанса и нивниот дуел со Австрија се очекува да биде крајно неизвесен.

Вниманието го привлекува и натпреварот во Кардиф меѓу Велс и Хрватска во групата „Е”. „Змејовите” се во тешка ситуација откако се на четвртото место со 7 поени и меч помалку од нивните противници, додека нивниот противник е лидер со 13 и самоуверено чекори кон завршницата на ЕП.

Во групата „И”, првото место веќе е решено и тоа е окупирано од Белгија, па така останува борбата за втората позиција. На Русија и треба само бод против Кипар како гостин за да си обезбеди пласман.

Денешни дуели:

Од 15,00 часот

Казахстан – Белгија

Од 18,00 часот

Белорусија – Холандија
Унгарија – Азербејџан
Кипар – Русија
Шкотска – Сан Марино

Од 20,45 часот

Естонија – Германија
Велс – Хрватска
Полска – Северна Македонија
Словенија – Австрија.

Треба да знаете
Последни објави