Search

Продолжуваат активностите на Димитров во рамките на Генералната дебата на Генералното собрание на ОН

На маргините на настанот, министерот Димитров учествуваше на панел-дискусијата во организација на Светскиот економски форум, со работен наслов: „Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија.”

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за нужноста  од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици. Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.

Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.

На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан “Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет.”

Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.

Треба да знаете
Последни објави