Search

Продолжија разговорите меѓу суданската Влада и лидерите на бунтовниците

Претставници на суданската преодна Влада денеска се состанаа со лидерите на бунтовниците и на тој начин ги продолжија разговорите во обид да се заврши граѓанската војна во земјата.

Разговорите се оддржуваат во Јужен Судан, држава која во 2011 година прогласи независност по повеќе децении војна.
Откако во април беше соборен претседателот Омар ал-Башир, по договорот меѓу војската и цивилите кои ги предводена протестите против дотогашниот претседател, беше упатен повик за мировни преговори со бунтовниците.

Со договорот на привремената власт и е даден рок од шест месеци, кој завршува во февруари, да постигне мир со вооружените групи кои со години веќе се борат против власта во Картум.

Новата суданска Влада е под голем притисок да ги заврши судирите со бунтовниците додека истовремено се обидува да ја заздрави опустошената економија, да привлече неопходна странска помош и да ја воведе ветената демократија.

Делегацијата на владата на разговорите ја предводи заменикот на Суверениот совет, генералот Мохамед Хамадан Дагало.

Претседателот на Јужен Судан, Салва Кир,  изрази „решеност преговорите да бидат успешни и заради мирот што побрзо да се дојде до договор”.

Во бројните судири во Судан досега животот го загубиле повеќе стотици илјади лица.

Треба да знаете
Последни објави