Search

Продолжен куќниот притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во истрагата којашто ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија за „Макфакс“ од судот.

Јакимовски и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените се вработени во Опшината и бизнисмени од градежниот сектор.

На Јакимовски му беше одреден куќен притвор поради здравствената состојба.

Треба да знаете
Последни објави