Search

Продолжение на 71. седница на Собранието

Во Собранието денеска треба да се одржи продолжение на 71. седница. 

Од дневниот ред на седницата се преостанати неколку точки, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, предложените измени на Законот за работни односи, во прво читање, и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Неразгледана е и точката за Интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави