Search

Продолжението на „Том Рајдер“ се заснова на видео игри Rise и Shadow of Tomb Raider

Алиша Викандер повторно ќе се врати како Лара Крофт во новото продолжение на филмот Том Рајдер, со Бен Витли како режисер.

Иако филмот во 2018 година црпеше инспирација од видео играта Tomb Raider од 2013 година со елементи на друга акција-авантура видеоигра, Rise of the Tomb Raider, се чини дека продолжението ќе биде засновано на две игри Rise и Shadow of Tomb Raider.

Филмот ќе почне да се снима во март годинава во повеќе држави, меѓу кои Англија и Јужна Африка, а во него ќе има и повеќе натприродни елементи за кои фановите на видео-игрите сигурно веќе ги знаат.

Shadow of the Tomb Raider („Сенката на Том Рајдер“) ја следи Лара Крофт додека патува низ густи тропски региони на Америка, борејќи се против паравоената организација Тринити додека го бара легендарниот изгубен град Пајтити за да спречи апокалипса на Маите да се прошири во целиот свет.

 

Треба да знаете
Последни објави