Search

Продадени 800 станови во комплексот Џевахир Скај Сити

Над 800 граѓани и семејства за свој дом го избраа комплексот Џевахир скај сити, лоциран во населбата Аеродром. Од кулата А се веќе распродадени 95% од становите, 98% од кулата Б, над половина или 45% од кулата Ц, додека становите од кулата Д сè уште не се пуштени во продажба.

Комплексот од четири висококатници, кој почна да се гради во 2014 година, со над 1300 станови и апартмани со различна големина, има исклучителна градежна изведба во која се користени квалитетни градежни материјали. Во секоја од кулите е инсталиран посебен систем за ладење и греење со кој самостојно управува секој од станарите, што дава можност за остварување заштеди во потрошувачката на електрична енергија. Со системот за заштита од пожари и контрола на влезот во зградите во кои постои рецепција и 24 часовно обезбедување, се овозможува заштита и сигурност на домовите.

Во секоја од кулите се вградени модерни и високо ефикасни лифтови, а целиот простор е исклучително функционален и поврзан со дополнителните содржини кои му даваат уште поголема вредност – затворен базен, фитнес центар, секогаш достапен паркинг, како и трговски центар со многу различни содржини кој е во изградба.

Комплексот, кој е единствен од ваков тип во државата, има бројни мултифункционални карактеристики креирани со цел да ги задоволат сите потреби и барања на станарите.

Треба да знаете
Последни објави