Search

Прогласени најдобрите авиокомпании за 2019 година

 

Aвстралиската агенција за рангирање на воздухопловна безбедност и производи „AirlineRatings“ ги прогласи најдобрите авиокомпании за 2019 година.

„Сингапур ерлајнс“, која може да се пофали и со најдолгиот непрекинат лет, од Синагапур до Њујорк, беше прегласена за авиокомпанија на годината, титула која последните пет години ѝ припаѓаше на новозеландската авиокомпанијата.

Главниот уредник на AirlineRatingс.com изјави дека „Сингапур ерлајнс“ со години го нуди најдоброто во поглед на удобноста на седиштата во економската класа, квалитетот на храната и апартманите за патниците од прва класа.

Конечната одлука во голема мера се базира на 12 клучни критериуми, вклучувајќи ги староста на возниот парк, оценките на патниците, профитабилноста, инвестициските рејтинзи, односот кон вработените и понудата на производи.

„Катар ерлајнс“ ја доби наградата за Најдобра храна и Најдобра бизнис класа, благодарение на одличната храна која ја нуди на своите летови.

На третото место се најде австралиската авиокопанија „Квантас“, а веднаш по неа „Катар ерлајнс“, „Вирџин Австралија“ и „Емиратс ерлајнс“.

Треба да знаете
Последни објави