Search

Провалено во домот на докоторот Вело Марковски

Полицијата го потврди обидот за разбојништво во домот на докторот Вело Марковски, воедно и нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално во домот била присутна неговата сопруга и ќерка, па најверојатно од таа причина крадците се премислиле и грабежот останал во обид.

Од МВР известуваат дека настанот се случил во текот на вчерашниот ден.

-На 28.09.2020 околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, се вели во кусото соопштение од МВР.

Неофицијално, и порано имало обид за провалување во неговиот дом.

Треба да знаете
Последни објави