Search

Пробниот попис во Штип тече без проблеми

Во Штип веќе втор ден се реализира пробниот попис во четири пописни кругови. Тони Јованов од Државниот завод за статистика појаснува дека на терен попишуваат во еден реон на селото Чардаклија, потоа приградската населба Три Чешми и во две населби во Штип. Попишувачите немаат проблеми на терен и како што вели, населението ја прифаќа оваа постапка без проблеми.

– Имаме двајца инструктури и четири пошишувачи, кои пробниот попис го реализираат на лице место. Досега немаме никакви проблеми, населението во селото Чардаклија е запознато со процесот и одбивање на домаќинствата немаме, вели Јованов.

Тој очекува и во останатите пописни кругови да биде во ред, а пробниот попис ќе трае до 30 јуни. Попишувачите, кои го спроведуваат пробниот попис денеска беа во селото Чардаклија, кое се наоѓа на само пет километри од градот Штип.

Треба да знаете
Последни објави