Search

Проблем за Сити: Де Бруин го пропушта дербито со Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекува крилото Кевин де Бруин да го пропушти градското дерби наредната недела, откако беше принудно заменет за време на вчерашната победа со 1:0 над Тотенхем.

Натпреварот помеѓу двата тима од Манчестер е во среда, а Белгиецот го напушти теренот во 38-та минута, откако беше заменет од Фернандињо. Тој се обиде да упати удар и веднаш потоа седна на тревата и беше заменет.

– Проблемот на Кевин е во мускулот. Сè уште не е познато колку долго ќе биде отсутен. Веројатно за средбата во средата нема да се потпреме на него, изјави шпанскиот тренер на тимит Пеп Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави