Search

Проблеми за Италија: Се повредија Флоренци и Киеза

Италијанците се под голем притисок на квалификациите за Европското првенство, откако минатото лето не успеаа да се пласираат на Светското првенство во Русија.

Овие квалификации Италија ги отвора со натпреварите против Финска и Лихтенштајн, а иако „Аѕурите“ не би требало да имаат проблеми со овие репрезентации, сепак Манчини се соочува со проблеми поради повредените фудбалери.

Манчини потврди дека поради повреди останал без двајца играчи кои требало да настапат на двата натпревари.

Поради повреда репрезентацијата ја напуштил крилниот напаѓач на Фиорентина, Федерико Киеза, а исто така поради повреда, двата натпревари на италијанската репрезентација ќе ги пропушти и десниот бек на Рома, Алесандро Флоренци.

Треба да знаете
Последни објави