Search

Пробив за антимигрантската партија VOX на шпанските регионални избори

Десничарската популистичка партија VOX за првпат влезе во шпанскиот регионален парламент откако освои 11 отсто од гласовите во Андалузија во неделата, според излезните анкети. VOX освои 12 пратенички места во најнаселениот регион во Шпанија, пренесува Ројтерс.

За помалку од три години, VOX се издигна од поддршката од еден отсто на 11 отсто и сега е трета по големина партија во андалузиската провинција Алмерија.

Резултатите во Андалузија, вообичаено левичарско упориште во кое живее 20 отсто од населението во Шпанија, претставуваат прв голем успех за десничарскиот популизам во Шпанија, на чие чело во моментов е владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез.

EuropeElects објави дека изборниот пораз на централно-левичарската PSOE (S & D) на регионалните избори во Андалузија го одразува трендот на пад на популарноста на речиси сите левичарски, социјалдемократски и социјалистички партии во  Европа. Социјалистите владеат во јужниот регион од крајот на владеењето на Франко во 1975 година, при што социјалистите не се мнозинство и освојуваат само 33 од 109 пратенички места.

Од другите партии, левичарската Подемос се проценува дека освоила само 17 пратенички места, десничарската Сјудаданос 21 место, а конзервативната Народна партија 26 пратенички места. Ова значи дека левицата би можела да ја изгуби контролата врз регионалниот парламент без доволно сојузнички партии , а Сјудаданос и Народната партија можат да формираат коалиција со поддршка на VOX и другите за да добијат функционално мнозинство.

Гласачите на VOX доаѓаат и од левицата и од десницата, ослободени од политиката на естаблишментот. Партијата е основана во 2013 година како огранок на конзервативната Народната партија на Хозе Антонио Ортега Лара, а претседател на партијата е Сантијаго Абаскал.

Рекламирајќи се како христијанска демократска партија, VOX се залага за правото на живот и го критикува мултикултурализмот, а е за силни национални граници тврдејќи – како претседателот на САД Доналд Трамп – дека нацијата без граници не е нација. Абаскал, како и десничарскиот италијански популист Матео Салвини, ги обвинува невладините организации дека функционираат како такси-служба која  тргува со мигранти од третиот свет во Европа, при што Шпанија стана фокусна точка за пристигнувања на мигранти од Африка во последниве месеци.

Главната цел на партијата, според Абаскал, е да ги стави Шпанците на прво место – исто како Трамп и неговата клучна филозофија – а генералниот секретар на партијата, Ортега Смит, на митингот во октомври изјави: „Заедно, повторно ќе ја направиме Шпанија голема!”

Треба да знаете
Последни објави