Search

Пријателите на С. Македонија го блокираа француско-германскиот предлог за одлагање на одлуката до април

Група земји-членки на ЕУ, предводени од Словенија и Малта и поддржани од Бугарија, доцна синоќа го блокирале предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за на пролет, пишува 360 степени.

Самитот на ЕУ продолжува и денеска, но неизвесно е дали лидерите повторно ќе се навратат на темата за проширувањето на Унијата. Државите-пријатели на процесот проценуваат дека во вакви околности е подобро Самитот да заврши без заклучок.

Ново одлагање, без јасно преземање обврска дека и во април нема да има уште едно одлагање, дополнително го нарушува кредибилитетот на ЕУ и ги обесхрабрува земјите-кандидати и нивните граѓани. Подобро да нема заклучок отколку да има лош заклучок, коментира дипломат присутен на состанокот.

Треба да знаете
Последни објави