Search

Пријавени се две фирми кои фрлале шут во Бардовци

Општина Карпош пријави до полицијата два правни субјекта кои фрлале отпад на јавни/приватни површини и коишто придонеле за загадување на животната средина. Пријавата уследи откако граѓани кои живеат во делот на Бардовци, доставија фотографии и информации за однесувањето на фирмите кон животната средина. Патем, приложени се фотографии и други информации кои ќе помогнат во пронаоѓање на овластените претставници на фирмите.

Сакаме да ја информираме јавноста дека нема да има толеранција за оние кои фрлаат отпад и шут, без разлика дали станува збор за физички или правни лица (фирми).

Општината ќе продолжи да презема активности, но и самостојно, на терен, да ги санкционира загадувачите. Дополнително, во соработка со полицијата и со другите инспекциски органи, ќе инсистираме на интензивна и постојана борба со оние кои ја загрозуваат животната средина.

Треба да знаете
Последни објави