Search

Пријавени два случаја на физички напади во Скопје

Б.С.(42) од Скопје вчера пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот на улица „Франц Лист” четири лица физички ја нападнале неа и нејзиниот сопруг А.С.(42).

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен во 17.15 часот во СВР Скопје.

Вториот инцидент, исто така бил пријавен вчера, во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, од страна на З.А.(47) од Скопје според кој, истиот ден околу 18.00 часот на улица „Багдадска” бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја.

Треба да знаете
Последни објави