Search

Пријава за дозвола за германската вакцина веќе во ноември

Извршниот директор на германската компанија „БиоНтех“, Угур Шахин, очекува дека резултатите од доцната фаза на клинички испитувања на потенцијална вакцина против коронавирус ќе бидат достапни наскоро, а компанијата може да се пријави за добивање дозвола во САД кон средината на ноември, доколку оценките бидат позитивни.

Шахин рече дека првите податоци за ефикасноста на вакцината се очекуваат кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Тој рече дека е оптимист и дека компанијата ќе достави барање за употреба на вакцината до Управата за храна и лекови во средината на ноември, доколку сè оди добро, пренесува „Ројтерс“.

„БиоНтех“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ се меѓу водечките компании кои работат на развој на вакцина против коронавирус, заедно со „Модерна“ од САД и „Астразенека“ од Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави