Search

Приштински медиуми: Косово би можело да воведе царини и за Албанија

Властите во Приштина предупредуваат дека би можеле да наметнат 100-процентни царини за увоз на производи од Албанија, доколку Тирана не ги отстрани пречките за извоз на брашно, пиво и компири од Косово во следните два месеци, пишуваат медиумите во Приштина.

Претходно, претставници од Тирана и Приштина одржаа состанок, но не успеаја да постигнат договор за надминување на проблемите поврзани со извозот.

Проблемот во трговските односи меѓу двете земји настана кога Приштина ги отстрани пречките за увозот од Албанија во Косово, додека Тирана уште не ги исполнила обврските од овој договор, пишуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави