Search

Приштински медиуми: Вилијам Вокер „составува“ нова влада на годишнината од Рачак?

Некогашниот шеф на Верификациската комисија на ОБСЕ, Вилијам Вокер, кој остана запаметен како човекот по чиј извештај за наводниот масакар во Рачак во 1999 година НАТО ги бомбардираше Србија и СР Југославија, денеска пристигнал во седиштето на Демократскиот сојуз на Косово во Приштина.

Медиумите шпекулиираат дека Вокер составува нова влада во Приштина. Како што пишува приштинска „Газета експрес“, неговата посета не била најавена, а Вокер престојува на Косово за одбележувањето на 21-годишницата од Рачак.

„Газета“ пишува и дека Вокер дошол во ДСК за да разговара со Иса Мустафа за преговорите за коалициска влада со Аљбин Курти и Самоопределување. Поранешниот американски дипломат, кого медиумите го поврзуваат со ЦИА, пристигна во Косово на покана на Беџет Пацоли, кој пред два дена на „Фејсбук“ ја објави нивната заедничка фотографија.

Нападот на селото Рачак беше дел од обвинението што пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), беше поднесено против поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ. Сепак, пресудата на Милошевиќ никогаш не му беше изречена, бидејќи тој почина во притвор во 2006 година.

Озлогласената операција ја водел командантот на српската специјална полиција, Горан Радосављевиќ, наречен Гури. Радосављевиќ, кој во меѓувреме се пензионира, но е сè уште активен член на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија, негираше дека неговите луѓе убиле цивили и тврдеше дека убиените биле терористи.

До неодамна, истрагата за такви воени злосторства беше надвор од јурисдикцијата на локалните обвинители. МКТЈ, како и две последователни меѓународни мисии во Косово, мисијата на ООН – УНМИК и мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС, беа одговорни за овие истраги.

Треба да знаете
Последни објави