Search

Притвор од 30 дена и кривична пријава за 41-годишниот скопјанец за криумчарење мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против 41-годишниот скопјанец поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти” по член 418-б став 4 од Кривичниот законик.

Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена и мерка притвор во времетраење од 30 дена.

„Како што веќе информиравме на 1.09.2018 година во 17:30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор ‘Богородица’, било забележано патничко моторно возило ‘хонда’ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото и по клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него, а возилото продолжило со движење“, стои во соопштението на МВР.

Од полицијата додаваат дека по кратко време возилото било сопрено, при што биле пронајдени 14 мигранти, од кои 11 се од Авганистан, а тројца се од Пакистан.

Треба да знаете
Последни објави