Search

Притвор за ќерката која го изврши тројното убиство во Дебар

Притвор за ќерката која го изврши тројното убиство во Дебар

Судот ѝ одреди притвор на Б. Поцеста и на уште двајца мажи под сомнение дека го извршиле тројното убиство во Дебар, соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар.

Според официјалните информации, првоосомничената Б.П. на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело убиство, а за другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека ѝ помагале во извршувањето на убиството.

Од Обвинителството и од полицијата не го откриваат идентитетот на осомничената за убиството на мајката, таткото и ќерката, но според неофицијални информации станува збор за постарата ќерка.

Од Обвинителството соопштија дека судот на осомничените им одреди притвор во траење од 30 дена и дека истражната постапка продолжува во насока на целосно расветлување на овој настан и обезбедување материјални докази.​

Треба да знаете
Последни објави