Search

Притвор за Црногорец што претепал скопјанец во кафеана

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против црногорски државјанин осомничен дека претепал гостин во скопска кафеана, информираше ОЈО.
Тој се товари за тешка телесна повреда од чл.131 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот, заедно со непознато машко лице, на 09.11.2018 година скршиле маса во гостилница во Скопје. На 13.11.2018 година тој повторно со едно непознато лице се  вратил во истата гостилница и му се извиниле на сопственикот за своето претходно однесување. Но на излегување, без повод и причина го нападнале оштетениот и тешко телесно го повредиле, удирајќи го со тупаници во пределот на носот и лицето. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот и непознатото лице го напуштиле местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави