Search

Притвор за Косовец кој во камион шверцувал 43 мигранти

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело Криумчарење мигранти од чл. 418-б ст.4 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.

-Имено, вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на „клучка Прдејци“ кај село Прдејци, осомничениот управувајќи камион „ивеко“ не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и почнал да бега кон Скопје. По кратко време возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е лишен од слобода и денеска ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, велат од ОЈО.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка – Притвор за осомничениот.

Треба да знаете
Последни објави