Search

Притвор за Груевски и за случајот „Титаник“

Судечкиот совет кој го води случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности по барање на специјалното јавно обвинителство донесе решение согласно член 365 став 3 од ЗКП на обвинетиот експремиер Никола Груевски да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена започнувајќи од негово пронаоѓање и приведување.

Притворот е определен по доставеното известување од Собранието дека на Груевски, кој сè уште се води како пратеник, му е одземен пратеничкиот имунитет.

За Груевски, исто така, по барање на СЈО определена е мерка притвор и за предметите „Траекторија“, „ТНТ“ и „Насилство во Центар“.

Груевски речиси еден месец е во бегство во Унгарија, каде што доби политички азил. Македонските власти побараа негова екстрадиција со оглед на тоа што Груевски е осуден на затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра.

Треба да знаете
Последни објави