Search

Притворен поранешниот претседател на Еквадор, Абдала Букарам

Поранешниот претседател на Еквадор, Абдала Букарам, (68) е приведен откако полицијата упаднала во неговиот дом и пронашла пиштол и медицински материјали во рамките на пошироката истрага за корупција во текот на пандемијата на коронавирус.

Полициските иследници велат дека рацијата во куќата на Букарам била дел од поголема операција почната поради проневера во јавните болници и дека во куќата на Букарам освен пиштолот биле пронајдени уште  2.000 заштитни маски и 2.000 тестови.

Букарам беше претседател во 1996 година, но шест месеци подоцна беше разрешен од функцијата од страна на Еквадорскиот национален конгрес поради „ментална неспособност”

Треба да знаете
Последни објави