Search

Притворен полицец, барал 50 евра мито од Холанѓанец за сообраќаен прекршок

Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет против едно лице, 50 – годишен полицаец од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот полицаец го сторил делото на 21 септември, околу 16.20 часот, кога по завршување на неговото работно време, облечен во полициска униформа запрел возило на магистралниот пат Маврово – Дебар во близина на Бигорскиот манастир. На возачот од запреното возило, државјанин на Кралството Холандија, осомничениот му побарал парични средства во висина од 50 евра за да не го казни за сторен прекршок. Возачот  дал 20 евра, по што го продолжил патот и случајот го пријавил во полициска станица.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои оправдан  страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, поради што до судот достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Треба да знаете
Последни објави