Search

Пристигна нова група американски волонтери во Мировен корпус

МАКЕДОНИЈАПристигна нова група американски волонтери во Мировен корпусОбјавено пред 7 минути – 22 септември, 2019Од Макфакс

Во земјава денеска пристигнаа 56 Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата. Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените.

„Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировен корпус во Северна Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците да служат во Северна Македонија“ – изјави директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин. „Нивното присуство е многу значајно. Споделувањето знаења и искуства е непроценливо за сите коишто се инволвирани“ додаде тој.

За време на нивниот двогодишен престој во Северна Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 24-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во Северна Македонија од 1996 година.

Треба да знаете
Последни објави