Search

Пристигна кинеската помош на скопскиот аеродром

Пристигна кинеската помош на скопскиот аеродром

Денеска на скопскиот аеродром пристигна помош од Народна Република Кина од пет илјади тестови за Ковид-19.

По тој повод заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и национален координатор за распределба на странска помош во земјава, Бујар Османи и амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Жанг Зуо, остварија видео конференција на која испратија пораки и до јавноста.

„На скопскиот аеродром денеска пристигнаа преку пет илјади Ковид тестови кои ни се исклучително неопходни и чии можности за набавка се ограничени, како и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн“, рече Османи, и се заблагодари на Кина и на амбасадорот Жанг Зуо, за огромниот ангажман во обезбедувањето на ова поддршка.

Во оваа прилика тој нагласи дека ова не е инцидентна поддршка, туку претставува дел од континуираната помош која Кина ја обезбедува за нашата земја и претставува доказ за одличната соработка како со амбасадорот Зуо и неговиот тим, така и севкупно со Кинеската држава.

Треба да знаете
Последни објави