Search

Пристапниот протокол САД ќе го ратификува до крајот на годината

Иако постапката за ратификување на пристапните протоколи за членство со Северноатлантската договорна организација во американскиот Сенат е вообичаено долг и сложен процес, во случајот со нашата земја, поради поддршката од голем број сенатори, тој процес би можел да заврши до крајот на годината, истакна Крис Соха, раководител на службата на Комисијата за односи со странство на Сенатот на САД за време на средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претставникот од Сенатот, Соха, упатил честитки за храбрите политички чекори за откочување на процесот на евро-атлантските интеграции.

Тој во рамките на средбата ја повторил и силната поддршка на САД за реформските процеси од нашата ЕУ-агенда и понудил размена на искуства за зајакнување на капацитите.

Претседателот Џафери упати искрена благодарност за континуираната поддршка на САД за нашите аспирации за целосна интеграција во евро-атлантските институции и залагањето за зајакнување на владеењето на правото, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина, информираат од Собранието.

Треба да знаете
Последни објави