Search

Пристаништето во Дубровник потрупано со ѓубре по големото невреме

Силниот ветер кој дуваше во Дубровник донесе отпад во дубровничкото пристаниште.

На фотографиите и видео снимките се гледа како комуналците собираат ѓубре, пластични шишиња, кеси и гранки од дрва, кои целосно ја прекриле водата, пишува порталот „Дубровникнет“.

Невремето од Хрватска се движи кон исток, а врнежите го подигнаа нивото на реките во Босна и Херцеговина, каде претпладнево има излевање и потопени куќи во западниот дел на земјата.

Треба да знаете
Последни објави