Search

Принцот Чарлс закрепна од коронавирусот, веќе не е во изолација

Принцот Чарлс закрепна од коронавирусот, пренесува британски „Сан“. Пред неколку недели беше објавено дека 71-годишниот принц се заразил, но симптомите биле благи и тој се чувствувал добро.

„Кларенс Хаус потврди дека принцот Чарлс, по консултациите со лекар, веќе не е во самоизолација“, рече портпаролот.

Кралското семејство истакнува дека Чарлс сега е здрав. Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, била тестирана и не е заразена, но таа останува во изолација во замокот Балморал.

Од палатата беше објавено дека е невозможно да се знае кој го заразил Чарлс со оглед на неговите бројни јавни должности во последните неколку недели.

За време на викендот беше објавено дека е заразен и помошникот на кралицата Елизабета чие име не беше  откриено.

Треба да знаете
Последни објави