Search

Принцот Хари ќе ја носи Меган на интимно бегство за нејзиниот 40. роденден

Војводата и војвотката од Сасекс денес треба да го одбележат роденденот на војвотката. Овој повод  предизвика шпекулации во медиумите дали парот ќе го прослави со голема забава или интимен настан.

Неодамна беше објавено дека двојката планирала забава за 65 луѓе во нивната вила. Наводно, настанот го организирала врвната планерка за венчавки Колин Коуви.

Сепак, ваквите тврдења беа демантирани од „Пејџ сикс“ кој објави дека ваков настан „апсолутно нема да се случи“.

Како Меган Маркл ќе го помине својот 40. роденден? Според веста што ја објави „Пејџ сикс“, војвотката од Сасекс и нејзиниот сопруг принцот Хари ќе заминат на „интимно бегство “ организирано од сопругот.

Извори за порталот рекле дека Меган не планира да прави голема фешта.

Треба да знаете
Последни објави