Search

Принцот Хари сака неговиот син да има детство какво што тој отсекогаш посакувал

36-годишниот принц Хари, војводата од Сасекс, е татко на 17-месечниот син Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор – кого го има со неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс – и откако семејството се пресели од Велика Британија во Калифорнија, извори блиски до парот велат дека Хари сака Арчи да има приватно воспитување.

Инсајдер објасни за списанието „Пипл“: „Обајцата се крајно внимателни родители. Хари сака да му го даде на Арчи детството што го посакуваше секогаш. Тие поминуваат многу време надвор, и Хари и Меган сакаат да играат – целиот приватен простор е сон за нив.”

Веста доаѓа откако Хари претходно откри дека тој и Арчи минуваат многу време на отворено среде пандемијата на коронавирус.

Тој неодамна рече: „Имаме доволно простор надвор, и среќен сум за тоа, Треба да го натерам да игра рагби.

„Нашето мало човече е наш приоритет број еден, но нашата работа е втор приоритет, и ние се обидуваме да сториме сè што можеме за да го направиме светот подобро место.“

Треба да знаете
Последни објави