Search

Принцот Хари и Меган ќе треба да вратат 2,4 милиони фунти

Принцот Хари и Меган ќе треба да вратат 2,4 милиони фунти, колку што чинеше да се реновира резиденцијата Фрогмор, платено од парите на даночните обврзници. Оваа куќа во Виндзор ќе остане нивниот семеен дом во Велика Британија.

Војводата и војвотката од Сасекс повеќе нема да користат кралски титули и нема да добијат пари од јавните средства за извршување на кралските должности, соопшти Бакингамската палата.
Двојката веќе нема официјално да ја претставува кралицата,а новиот аранжман стапува на сила од оваа пролет, соопшти палатата.

Хари и Меган најавија дека нема да бидат „високи“ членови на кралското семејство на почетокот на овој месец.

Британската кралица Елизабета Втора сооошти дека е „задоволна што најде заедно конструктивно решение за мојот внук и неговото семејство“.

„Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на моето семејство“, се вели во изјавата на нејзината палата.Бакингемската палата вели дека Хари и Меган разбираат дека се очекува да се повлечат од кралските должности и дека веќе нема да поседуваат никакви официјални воени титули.

Иако веќе не можат официјално да ја претставуваат кралицата, војводата и војвотката од Сасекс јасно ставија до знаење дека што и да прават ќе продолжат да бидат во согласност со вредностите на нејзиното височество.

Во изјавата од Бакингамската палата се вели дека двајцата ќе продолжат приватно да се занимаваат со покровителство и со здруженија.

Треба да знаете
Последни објави