Search

Принцот Филип седми ден во болница поради претпазливост

Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета, ја помина седмата ноќ во болница откако беше хоспитализиран поради претпазливост и се чувствува добро, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека војводата од Единбург бил примен во приватната болница „Кралот Едвард VII“ во Лондон минатиот вторник вечерта, откако му било советувано болничко лекување и дека извори блиски до кралското семејство потврдиле дека тој ќе остане таму цела недела и дека се чувствува добро.

„Ројтерс“ пренесува дека кралицата и нејзиниот сопруг ја примиле првата доза вакцина против коронавирусот и се верува дека болеста на Филип не е поврзана со ковид, а принцот Вилијам вчера им потврди на новинарите дека неговиот дедо е добро и дека ја има сета потребна нега.

Принцот Филип престана да ги извршува јавните работи во 2017 година, а останатите членови на кралското семејство ги презедоа неговите службени должности.

Треба да знаете
Последни објави