Search

Принцот Филип нема да биде кривично гонет за сообраќајната несреќа

Канцеларијата на британското обвинителство денеска објави дека 97-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, нема да биде кривичнио гонет поради сообраќајната несреќа во која повредени се две жени.

Одлуката беше донесена само неколку дена откако Бакингемската палата објави дека 97-годишниот принц ќе престане да вози, објави агенцијата АП.

Обвинителите денеска соопштија дека одлучиле оти не е во јавен интерес да се започне истрага против принцот Филип, поради судирот што се случи на 17 јануари.

Како што е најавено, обвинителите ги зеле предвид сите околности во овој случај, вклучувајќи го и нивото на вина, возраста на возачот и издавањето на возачката дозвола.

Треба да знаете
Последни објави