Search

Принцот Филип во болница

Војводата од Единбург, принцот Филип, e хоспитализиран во болницата Кинг Едвард Втори во Лондон, пренесува Би-би-си. Сопругот на кралицата Елизабета Втора е примен во болница откако било утврдено дека се чувствува лошо, а како што се наведува, бил хоспитализиран поради претпазливост, бидејќи има 99 години.

Извор од кралското семејството изјави дека неговата хоспитализација нема никаква врска со коронавирусот, како и дека тој сам влегол во болницата. Како што наведуваат медиумите, се очекува тој да остане таму сè додека не бидат завршени сите потребни анализи.

Треба да знаете
Последни објави