Search

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка што не може да се спореди со ништо друго.

Зборувајќи со Би-би-си за менталното здравје, принцот рекол дека работата како пилот на медицински авион му помогнала да разбере дека смртта секогаш е непосредно блиску, пренесе агенцијата АП.

Тој објаснил дека одредени мисли му правеле проблеми сѐ додека за нив не поразговарал со некого.

Британските принцови Вилијам и Хари претходно изразија надеж дека нивните искрени признанија за сопствените ментални проблеми ќе ги поттикнат другите луѓе кои имаат потреба да побараат помош.

Треба да знаете
Последни објави