Search

Принцезата Стефани од Монако и нејзините деца на добротворен бал со дрес код „АББА“

Принцезата Стефани од Монако и нејзиното потомство докажаа дека се танцувачки кралици (и кралеви) минатиот викенд додека присуствуваа на гала-вечер за борба против сида. Таа беше облечена во слично кимоно како тоа на вокалистките на „АББA“ од спотот за песната Dancing Queen.

Сестрата на принцот Алберт беше придружувана од сите три нејзини деца за добротворниот настан. Вечерта имаше и томбола организирана од најмалата ќерка на Стефани, Камил.

Семејството носеше облека инспирирана од 70-тите години, диктирана од правилото за облекување или дрес код на тема „АББА“.

Принцезата Стефани е најмладата ќерка на принцот Рение Трети и принцезата Грејс од Монако. Таа е претседател на Fight Aids Gala од 2004 година и секоја година присуствува на ваква гала свеченост, често со своите деца или нејзиниот брат.

Треба да знаете
Последни објави