Search

Принс Џексон на брз и лесен ручек во салатерија

Принс Џексон, најстариот син на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џенскон, беше на ручек во салатеријата „Свитгрин“, позната по здравата храна. Папараците го забележаа 22-годишниот Принс во кежуал варијанта –  темно сина маица и лабави темно сини фармерки – пред да влезе во салатерија во Студио Сити, кварт во Лос Анџелес, заедно со еден пријател.

Принс има помала сестра Парис Џексон (21), помал брат Биги (17) познат по прекарот Бланкет.

Парис и Принс се деца на Мајкл и неговата поранешна сопруга Деби Роу (61). Биги беше зачнат со вештачко оплодување, а го роди анонимна сурогат мајка.

Мајкл Џексон почина во јуни 2009 година на 50-годишна возраст од преголема доза на седативи препишани од неговиот личен лекар.

Минатата година, документарниот филм за наводните сексуални злоставувања на деца од страна на Мајкл Џексон ја освои наградата ЕМИ.

Контроверзниот документарец „Напуштајќи ја Недојдија“ (Leaving Neverland) зборува за двајца возрасни мажи кои тврдат дека се спријателиле со Мајкл Џексон, кој потоа сексуално ги злоставувал, кога имале 10 години. Филмот беше прогласен за најдобар документарен филм на церемонија во Лос Анџелес.

Манифестацијата се одржа една недела пред доделувањето на главните награди ЕМИ за најдобри ТВ-емисии.

Според „Ројтерс“, програмата која беше емитувана претходно минатата година, 10 години по смртта на Мајкл Џексон, неговото семејство ја пречека со огорченост бидејќи повторно во фокусот на интересирања на јавноста ги стави прашањата околу наследството на човекот кој создаде вистински трилер во музичката индустрија.

Треба да знаете
Последни објави