Search

Примирјето меѓу САД и Кина ја подигна цената на нафтата

Цените на нафтата скокнаа на светските берзи, откако САД и Кина постигнаа 90-дневно примирје во трговскиот спор пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) кој треба да се одржи неделава.

Американската ,,лесна” нафта (WTI) вчера поскапе 2,92 долари за барел или за 5,7 отсто, на 53, 85 долари. Подоцна таа имаше благ пад на 53,5 долари за барел. Истовремено северноморската нафта брент поскапе 3.14 долари, или 5,3 отсто на 62,6 долари, за подоцна цената да биде 63,15 долари.

САД и Кина за време на викендот постигнаа договор за трговскиот спор, според кој во наредните 90 дена ќе бидат запрени американските планови за покачување на царините.

Треба да знаете
Последни објави