Search

Прилепчанка му забила нож во грб на сопругот, па го пријавила дека ја тепал

Сопружници од Прилеп, кои водат бракоразводна постапка, во полиција пријавиле дека биле нападнати еден од друг, но прв се пожалил сопругот, информираше МВР.

-На 25.05.2020 во 22.15 часот во ОВР Прилеп, 40-годишен маж пријавил дека околу 19.30 часот во домот каде престојува неговата сопруга (28), со која се во бракоразводна постапка, по претходна расправија, со остар предмет го удрила во пределот на грбот и му нанела повреда, велат од полицијата,

Истиот ден, пак, во 23.15 часот во ОВР Прилеп, сопругата пријавила дека околу 19.30 часот во нејзиниот дом, нејзиниот сопруг физички ја нападнал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави