Search

Прилепчанец прегази четворица пешаци, еден од нив во тешка состојба

На 17.10.2021 во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври” патничко возило „голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп. Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави