Search

Прилепчанец остана без заштедата, измамници му ги зеле франците

84-годишен прилепчанец бил мета на измамници кои го оставиле без заштедата.

Според полицијата, во Полициската станица Прилеп Ѓ.И.(84) пријавил дека на градскиот пазар му биле одземени 7.000 франци и 150.000 денари.

Измамниците под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златара, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави