Search

Прилепчанец останал без 9.000 евра и камион

Прилепчанец преку интернет сакал да купи камион од Германија, но останал без парите и без возилото, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во ПС Прилеп, Ф.И. (31) пријавил дека пред околу 30 дена на германска интернет страница за огласи , забележал оглас на кој се продавало работно возило-бетон пумпа „Mercedes Benz Actors“, на кој имало и податоци за лицето за контакт, контакт телефон и меил адреса.

Прилепчанецот остварил контакт со лицето Р.Б., кој се претставил како овластено лице на правното лице „MK EXKLUSIVE Gmbh“ од Германија, во чија сопственост било возилото за продажба. Тој преку меил му испратил податоци за возилото односно примерок од сообраќајна дозвола.

На 19.04.2018 година Ф.И. уплатил 9.000 евра и податоците од уплатата ги доставил преку интернет на Р.Б. со кого се договориле на 26.04.2018 година да остварат средба во Германија. Пред договорената средба, Р.Б. побарал дополнителни 10 отсто од висината на продажната цена на возилото, со образложение дека за камионот имало заинтересирани купувачи кои нуделе повисока цена. Прилепчанецот не се согласил и побарал да му бидат рефундирани претходно уплатените парични средства.

Истиот ден Ф.И. се обидел да оствари контакт со Р.Б. меѓутоа на посочената адреса веќе не постоела фирмата. Оштетениот настанот го пријавил и на германските полициски служби.

Треба да знаете
Последни објави