Search

Прилепчанец изгорел во својата куќа

На 15.01.2020 во 12 часот било пријавено дека во село Браилово, прилепско, настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Т.(38) од Браилово.

При тоа тој починал на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Треба да знаете
Последни објави