Search

Прилепчанец загина во сообраќајка кај Ропотово

На 12.11.2019 во 16.40 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, автомобил „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(66) од Прилеп, излетало од патот.

На местото на несреќата починал сопатникот В.Т.(71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Треба да знаете
Последни објави